Информации за испорака

Информации за испорака

Испораката на вашите нарачки се врши преку нашите дистрибутивни партнери и истата се врши до секое населено место во Република Македонија. Кај секој производ е назначена и автоматски се пресметува цената за достава и истата е зависна од големината на производот.

За голем дел од производите обезбедивме и бесплатна достава која исто така е истакната кај прегледот на производот.

Доставата на производот се врши во рок од 24-48 часа од нарачката секој работен ден вклучително и Сабота, а производот ќе ви биде доставен до влезот на станбениот објект каде е адресирана испораката.

Доставата не се врши само во Недела и во денови кои се прогласени за неработни (државни и верски празници).


Други информации

Секоја ваша нарачка пред да биде испорачана е уредно и безбедно спакувана за да не може да дојде до оштетување на истата. Нарачателот е должен да го провери производот веднаш откако ќе му биде доставен и доколку увиди било каков недостаток или оштетување на истиот должен е веднаш да пријави на лицето кое ја доставило пратката.

Сите пратки се осигурени од губење и оштетување при испорака до секоја адреса согласно законот за поштенски услуги. При преземањето на пратката Нарачателот е должен да ја потпише испратницата од доставувачот и да задржи еден примерок од истата како потврда за реализираното преземање.

Доколку имате потреба од повеќе информации слободно контактирајте не на +389(0)70-501-573 или на email dudan1@t.mk